Watch Dogs 2 ќе биде бесплатна

За време на Ubisoft Forward дигиталната конференција, која се очекува да започне на 12 јули, во 19:30, Ubisoft вети бесплатни работи. Една од тие работи ќе биде и критички признаената Watch Dogs 2.

За време на дигиталната конференција ќе се откриваат работи за најновите игри на Ubisoft. Но, доколку не сте премногу заинтересирани за иднината на Аssassin’s Creed Valhalla, Watch Dogs Legion, Hyper Scape и многу други, можете да пробате да го зграпчите GTA клонот со неколку уникатни жички.

Еве на што треба да внимавате доколку сакате бесплатно да си се почестите со играта. Мора да се најавите во Uplay помеѓу крајот на Trakmania приказот и крајот на главното шоу. Trackmania ќе се прикажава некаде по 1930 часот, а главното шоу започнува веднаш по тоа, односно по 2100 часот.

Целосни детали за Ubisoft Forward можете да најдете тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии