Washington Post: Facebook промовира лажни приказни

Неодамна поради обвинувањата за селективно известување, Facebook ги замени уредниците со алгоритам. Малку подоцна куп лажни приказни се промовирани и се појавуваат како „Trending“.

Откако ја забележаа првата лажна приказна за Мегин Кели, водителката на Fox News која наводно била избркана заради поддршка кон Хилари Клинтон, Washington Post започна да ги следи сите стории во „времепловот“ на најголемата друштвена мрежа. Она што го забележаа е дека без уредниците има повеќе лажни стории. Во период од само три недели од 31. август до 22. септември Washington Post пронајде 5 лажни стории и 3 потполно неточни.

„Не сум изненаден од бројот на лажни приказни кои се во тренд. Можеше да се предвиди од било кој кој ја прегледал функционалниста, не само кодот.“, вели анонимен член на тимот кој ја разви функционалноста.

Најголем дел од проблемот е неможноста за филтирање на лажните приказни, но и постоењето на сатирични портали кои креираат пара вести. Поради ова, овие вести се појавуваат како вистински. Друштвената мрежа работи на надминување на овој проблем. Засега, за жал без успех.

Едно од можните решенија е креирање на систем налик на Google News, иако и овој систем е далеку од идеален.  Иако Facebook за себе тврди дека не е медиум, самиот факт дека над 40 отсто од американците се информираат од социјалната мрежа говори поинаку.

Washington Post најави дека ова ќе биде сторија во неколку дела, а наскоро ќе може да ги прочитаме и останатите.

3 коментари на “Washington Post: Facebook промовира лажни приказни

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии