Warframe: Plains of Eidolon напаѓа од наредната недела

Warframe е одличен шутер во трето лице каде најголемиот акцент се става на пленот и континуираното напредување на вашите воини, оружја и опрема. За Warframe, играчите често знаат да кажат дека е една од најдобрите научно фантастични алтернативи на Diablo и дека има еден од најфлексибилните платежни модели кој во ниеден случај не ве принудува да трошите вистински пари. Ако една работа не им се допаѓа на одредена група гејмери тоа е севкупното чувство на шутер од ходничка перспектива, лишен од каков бил отворен свет каде потенцијалите за социјализација би биле на епско ниво.

Од наредната недела, надградбата Plains of Eidolon ќе проба да им стави крај и на таквите забелешки.

Plains of Eidolon ве сместува во огромна територија и, во форма на отворен свет механиките, ви дозволува на целосно нови начини да истражувате, откривате, да се борите или пак летате. Динамиката на вашиот престој е од променлив карактер и на секои 100 минути сончање, ноќта донесува педесетминутен прогонувачки предизвик. Низ територијата ќе биде потребно да се борите против Grineer и да го ликвидирате нивниот престој низ бројните бази, но и да внимавате на можно засилување доколку бидете забележани. Исто така, како навлегувате подлабоко, така непријателската одбрана имплементира попредизвикувачки тактики. Еднаш штом мракот стапи на сила, Grineer го отстапуваат местото на спектралните чувари кои лутаат во потрага по изгубеното. Ваквите колосални суштества нема да бидат покорени лесно и потребна е заедничка соработка за издвојување победа.

Битките се водат и на копно и во воздух и онаму каде нозете ќе разочараат, го имате на располагање вашиот Archwing за да ги лоцирате и уништите непријателите директно од небото, како и да ја искусите преубавата околина. За подобро снаоѓање во воздух, а и земја, контролите за Archwing се преработени.

За разбивање на секоја можна монотонија од битките, можете да направите копја и мамки и да ловите риби, како и да собирате руда и ретки драгоцености. За дополнителна социјализација, можете да се шетате низ градот Cetus, да се информирате за територијалната култура и обичаи на населението, како и да си присвоите уникатни оружја, опрема и декорации.

Надградбата е пропратена и со целосно нова воинка. Gara се одликува со неконвенционални способности, чија офанзивност влече инспирација од бројната смртоносна употреба на стаклото.

На располагање имате и нови шпилови карти, колекции, достигнувања, и многу повеќе!

Warframe: Plains of Eidolon ќе биде одбележано и со Twitch Drops настанот, каде сите они кои ја имаат поврзано Twitch и Warframe акаунтот ќе добиваат награди во играта доколку гледаат стримови од Warframe на Twitch. Повеќе за ова имате тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии