Втор Google Meet годинава: „Building Software at Google Scale“

На 8-ми јули, среда во 17:30 часот со локација на Google Meet, Google Developers Group – Skopje го организираат вториот настан за годинава, “Building Software at Google Scale”, приклучете за да научите нешто повеќе за тоа како развиваат софтвер во Google.

Првиот говорник на настанот е Luis Fernando Pino Duque сениор софтвер инженер во Google. Поранешен компјутерски истражувач во делот на алати за развој, инфраструктура (DevOps), full-stack развој и формална верификација. Има завршено докторат и мастер за теотерска компјутерска наука од École Polytechnique (Франција). После 4 години работа на развојната инфраструктурата на Google (http://bazel.build), моментално работи на Google Stadia проектот.

Вториот говорник на настанот е Дајана Стојчевска софтвер инженер во Google, каде работи на Google Stadia проектот и моментално мастер студент на ФИНКИ.

Сите заинтересирани можат да пронајдато повеќе податоци на Facebook евент и Meetup.


За GDG Скопје

GDG Skopje заедницата работи независно и волонтерски, и е отворена да поддржи иницијативи и остварува соработка со компании, организации и индивидуалци. Моменталните опции за да се приклучите на оваа група е како волонтер, поддржувач, спонзор, developer advocate или како учесник, а вашиот интерес може да го проследите на нивната емаил адреса.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии