Време е за Ubuntu таблет компјутер?

Тик, так, време е за таблет! Вака Canonical најави Ubuntu таблет компјутер, иако се уште не е официјално претставен Ubuntu Phone OS. Тајмерот поставен на Ubuntu.com покажува дека има уште 5 часа пред претставувањето на уредот, што интересно се поклопува со големиот настан на HTC каде ќе бидат претставени куп уреди. Дали HTC е хардверскиот производител со кој ќе соработува Canonical е само претпоставка, но воопшто нема да не изненади ако тоа се случи, посебно што на HTC му треба нешто ново за да се истакне на мобилниот пазар.

Во меѓувреме Ubuntu Phone OS се уште е во изработка. Последната најава е дека ќе биде достапен за Galaxy Nexus на 21 февруари. Веќе се објавени неколку водичи за дизајнирање на апликации за овој мобилен оперативен систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии