Вратете ги изгубените податоци со MiniTool PDR

Порано или подоцна, сите сме ја доживеале немилата ситуација кога ненамерно ќе избришеме некој важен документ, хард дискот ќе нѝ откаже или пак ќе извршиме формат само за да се освестиме дека со во процесот сме изгубиле и стотици селфи фотографии. Во случај да немате направено бекап (на облак) може да направите една од две работи. Со оглед на тоа дека плачењето не е опција, ви препорачуваме да ја преземете и инсталирате алатката MiniTool Power Data Recovery Free 8. Оваа софтверско решение се одликува со долго име, непостоечка цена за користење и опција да ви ги врати изгубените податоци без да посегнувате по лексилиумот.

MiniTool PDR невообичаено едноставна алатка за користење. Она што бара од вас е да ја изберете направата во која сметате дека изгубените фајлови се наоѓале и да почекате да се изврши пребарувањето. По првичниот степен на скенирање, ќе добиете листа од работи кои се ископани од најдлабоките астрални ровови на хард дискот, како и можност за нивно извлекување во светот на живите.

Бесплатната верзија на MiniTool PDR ви дозволува да вратите податоци чија максимална тежина не смее да е над 1GB, но, таквите рестрикции воошто не се трн во окото, особено доколку бељата се случила со документи, а не Blu-ray филмови.

Најновата осма верзија има нов, подобар кориснички интерфејст. Зад хаубата се крие значително пооптимизиран енџин за побрзо извлекување на податоците. За пофалба е тоа што, сега, можете да го прекинете скенирањето во моментот кога ќе го здогледате саканиот фајл на листата која се освежува во реално време. Дополнително, прикажаните фајлови можат да се извлечат додека алатката и понатаму го скенира хард дискот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk