Мој Воздух: Воздухот во Македонија повторно е опасен за дишење

во ИТ.МК

Повторно сме во оној период од годината кога треба да пронајдете простор на вашите телефони за Мој Воздух. Информацијата дека е загадено најверојатно веќе им е позната на сите, но знаењето дека загадувањето е рекордно и воздухoт е опасен за вашето здравје е друг, многу поважен податок.

Ако подзаборавивте, апликациајта е креирана од Горјан Јовановски, ги поедноставува податоците за воздухот земени од мерните единици ширум државата. За разлика од резултатите презентирани на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои се прикажани во конфузен формат, апликацијата Мој Воздух овозможува чист и едноставен преглед на воздухот кој го дишеме.

Збунувачките графикони на сајтот на МЗС

Збунувачките графикони на сајтот на Министерство за животна средина и просторно планирање

„Додаден е календар на загаденост од пред извесно време, а сега се додадени и можности за споделување на календарот и графиците; како и слики на социјалните мрежи. Не стигнав да направам детални графици, но се надевам дека во скоро време ќе биде и тоа. Мило ми е да кажам дека конечно почна изработка на iOS апликација, знам дека се најавува од којзнае кога, но сега инвестирав мои средства во неа и не чекам на спонзори.“, вели Горјан Јовановски.

moj-vozduh

Тешко е да се поверува дека апликацијата е стара речиси две години, а дека толку малку мерки се преземени за подобрување на квалитетот на воздухот. Се чини дека или апликацијата за жал не успева да ја подигне свеста на граѓаните или можеби проблемот е кај локалните власти кои не се доволно сериозни со оглед на проблемот кој е пред нив. Основната замисла беше да се подигне свеста за висината на загадувањето, и да се направи притисок врз институциите. За жал, откако градоначалникот неодамна излезе само со листа на препораки, станува појасно дека ниту оваа година нема да има ефикасни мерки и одговори за причините за загадување. Сепак Горјан не се откажува и се обидува да пронајде законски мерки за да влијае на властите.

„Деновиве го читам законот за квалитет на воздухот, и се обидувам да најдам правна стапка која што ќе примора владата да преземе одредени чекори. Доколку нема, тогаш ќе мора да се притиска за да се направат измени на законот, да се воведат мерки во него.“

Сепак разликата која ја направи Мој Воздух врз свеста на граѓаните е несомнена. Бројот на учесници во протестите за почист воздух е најверојатно најдобар показател за тоа. Бројката порасна од неколку десетици протестанти, на неколку илјади протестанти, и во добар дел тоа е поради подоброто информирање на граѓаните.

Едно е да знаеш дека е загадено, а друго е да знаеш дека е 20 пати над дозволеното со 967 mg/m3 загадување во воздухот. [Апликацијата] Едноставно открива до кој степен е стигнато загадувањето, а конкретни бројки и податоци зборуваат многу погласно од „па знам дека е загадено“ – додава Горјан.

Горјан има и совет кој се однесува на маските кои треба да ги користите. Доколку ве интересира кои маски ги пропорачува, и зошто, прочитајте го неговиот блог на Medium. Според Google, апликацијата Мој Воздух за Android е преземена од 10.000 – 50.000 пати.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments