Воведете ред во вашиот хаотичен хард диск со Alternate Archiver

Мартин Јованчевски

во Вести

Вашиот компјутер, како и сите други, е полн со хаотична смеса од документи, фотографии, видеа и музика. Постојано си ветувате дека ќе го средите сè, но денот за таквото нешто никако да дојде.

Alternate Archiver е програм кој би можел да ви помогне да го започнете пролетното дигитално чистење на вистински начин. Се работи за бесплатен управител со фајлови со кој можете да архивирате, преименувате, префрлувате или бришете бројни фајлови од еднаш. Паралелно со ова, можете да анализирате DLL фајлови, да го менувате датумот и времето на вашите фајлови, и многу повеќе.

За олеснето справување со хаосот, можете само да ги фатите и пушите несредените фајлови во интерфејсот на програмот и од таму да ги започнете сите последователни чекори. Имате на располагање и Send To опција до која доаѓате со десен клик на соодветниот фајл.

Најновата, четврта верзија на Alternate Archiver не само што го подобрува интерфејсот туку и ги надополнува алатките со кои се одликува.

Alternate Archiver

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии