Спонзориран текст

Volvo карванот пристигна во Скопје – технологијата во функција на безбедноста

Спонзорирано од Volvo

во Спонзорирани

По Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Volvo карванот пристигна во Скопје.

Македонскиот дистрибутер на Volvo, Ми-Да Моторс Скопје организира настан на кој граѓаните и фановите може да возат тест возила на најновата гама екслузивни Volvo возила.

Настанот ќе се одржи на 20.09.2016 (вторник) на платото пред трговскиот центар Скопје Сити Мол од 13 до 19 часот. Карванот го сочинуваат осум возила од палетата на Volvo и се организира со цел, на една место и во неформална атмосфера, да се претстават различните видови возила на шведската компанија Volvo Cars.

„Разновидноста е претставена со седан, караван и SUV изведби од опсегот на модели од линиите 40, 60 и 90. Дополнително, различните агрегати, како хибридниот погон и најновите генерации на бензински и дизел мотори, ја надополнуваат уникатноста на оваа флота на Volvo возила. Разноликост која, со гордост, ја презентираме пред нашите фанови и сите заинтересирани граѓани“, велат од Ми-Да Моторс Скопје.

Според нив, ова е можност сите да се запознаат со компанијата чии автомобили го носат епитетот „најбезбедни“, компанија првенец во безбедносните технологии и перформансите, како и да го почувствуваат луксузот и префинетоста на Volvo моделите.

„За нас како компанија, луѓето се во прв план, но се фокусираме и кон заштита на животната средина и околината. Нашиот бренд ги возвишува вредностите, кои се незаменливи за нордиските земји, како што се светлината и природата“, дополнуваат од Ми-Да Моторс Скопје.

Новите возила на Volvo се опремени со IntelliSafe технологијата која ја одразува визијата на компанијата до 2020-тата година да нема ни еден загинат или посериозно повреден возач на Volvo возило. IntelliSafe доаѓа со многу функционалности како: Adaptive Cruise Control кој автоматски оддржува дистанца од возилото напред; 360° Surround View што овозможува автомобилот да се види од птичја перспектива; Driver Alert Control кој сигнализира доколку станете уморни или невнимателни на воланот; Active High Beam Control кој овозможува возење со долго светло без да им се пречи на другите коли итн. Исто така, моделите се опремени со најновата генерација на компактно дизајнирани Drive-E погони.

За подетални информации за караванот и за моделите за пробно возење, следете ги Volvo Cars Macedonia на социјалните медиуми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии