Волонтирај е нова платформа/вебсајт за сите кои сакаат да го посветат своето време подобрувајќи ја околината. Сајтот, а и целата платформа е дело на Горјан Јовановски кој е автор и на апликацијата МојВоздух.
Веб-сајтот е замислен да биде центар во кои сите кои се пасионирани за нешто и сакаат да помогнат можат да пронајдат каде тоа најдобро да го направат. Во моментот сајтот евидентира 60 организации и иницијативи каде сите заинтересирани можат да помогнат. Сајтот има и форма каде што секој може да предложи организација.
Секако сите немаат исто мислење за тоа каде треба да се помогне па Волонтирај е поделена на категории. Категориите барем засега се поделени во 9 групи:
- Бизнис
- Екологија
- Животни
- Здравство
- Култура
- Младински активизам
- Студентски организации
- Технологии
- Хуманост
Волонтирањето е активност која најчесто луѓето ја прават без финански надомест. Сепак ова не значи дека нема никаква придобивка, освен што придонесуваат во области кои страсно ги поддржуваат, волонтерите се здобваат и со практични вештини, и поважно го подобруваат квалитетот на живот во својата околина.
Повеќе на Волонтирај.мк