Vollo.net сака Хрватите да купуваат автобуски билети онлајн

Xрватски Vollo.net ќе се обиде купувањето на автобуски билет да го направи подеднакво лесно како купување на билет за авионски превоз. Целта на сервисот е да го дигитализира меѓународниот и меѓуградскиот автобуски превоз.

Освен основните параметри како почетна локација, конечна локација,  време на поаѓање и должина на патувањето, тимот на Volleo се обидува да презентира и податоци за дали превозникот нуди Wi-Fi во автобусот, дали има приклучоци за полнење и дали има други, скриени трошоци. „Целта е јасна – меѓуградската превозна индустрија во рамките на Хрватска да се дигитализира, да се поедноставни и да се унапреди“, вели Марко Јукиќ, ко-основач на Vollo, за Netokracija.

vollo-net

Всушност сервисот и не е премногу различен од македонскиот MkTransport со исклучок на неколку детали, кои најверојатно ќе се покажат како клучни. Дизајнот на Vollo е многу подобар, но позначајно Vollo.net продава билети, а со тоа е многу покорисен. За онлајн продажбата е навистина тешко да го обвиниме македонскиот сервис кој го земавме за споредба, бидејќи мора да има добра волја од превозниците за ваков сервис да функционира. Тие мора да разберат дека интернет е платформа на сегашноста, а не на таму некоја си иднина, и мораат да го направаат целото патување поудобно – од купувањето на билет, па сѐ до симнување на посакуваната дестинација.

Се чини дека токму разликата во менталитетот на превозниците придонесува за главната разлика и на апликациите.

„Самите превозници го согледуваат трендот и бараат решение кое ќе им помогне да се прилагодат на новата состојба. Сега имаме предизвик за интеграција и напорно работиме како би можеле да биеме видливи и достапни за продажба… Само 10 отсто од картите денес се купуваат онлајн, а трендовите покажуваат дека во светот овој сектор има раст од 50 отсто“, додава г.Јуриќ

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии