Volkswagen најави 10 милиони електрични возила

Дејан Соколоски

во Вести

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen, објави дека планира да изгради 10 милиони електрични возила. Станува збор за новата модуларна MEB платформа која сепак ќе започне масовно да се произведува во 2022, пренесе Reuters.

Сепак првите возила со модуларен електричен погон започнуваат со производство кон крајот на 2019. Компанијата планира 27 електрични модели, а првите возила ќе излезат од фабриката во Звикау во Германија.

Електричните возила секако се иднината на транспортот, или барем додека не излезе некоја нова технологија ќе биде така. Ова е поважно за Volkswagen, компанијата не толку одамна беше „фатена“ како ги лажира резултатите. Во текот на мерењата беа намалувани емисиите на штетни гасови преку намалување на моќта на моторот.

Во Volkswagen се надеваат дека до 2025 година ќе дојдат до  3 милиони продадени електрични возила годишно. Бројката изгледа голема, но компанијата сега продава над 10 милиони возила годишно.

Дел од Volkswagen групацијата се и Skoda, Seat, Audi и Porche.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии