Volkswagen ID.Life е електрично возило со ретро-футуристички дизајн

Image courtesy of Volkswagen

Volkswagen го претстави своето ново електрично возило ID.Life. Она што е карактеристично за ID.Life е спојот на ретро и футуристички дизајн, но и релативно ниската која купувачите ќе треба да ја платат за нов автомобил.

Квалитетните електрични возила со подостапна цена се дел плановите на сите производители на возила. ID.Life ќе чини околу 20 000 евра, што е некоја цена на која целат најголем дел од производителите, од Volkswagen до Tesla.

Volkswagen

Веројатно главна причина да се крати на сè е за да се овозможи минимална цена, но ова не е единствената причина. Компанијата се обидува со Life да креира целосно „зелено“ возило. Определбата е да се минимизира влијанието врз животната средина. Намалувањето на употребата на хемикалии доведе до користење на дрвени палети за боење на возилото, а рециклирани материјали се користат и во внатрешноста на возилото. Речиси во целост се отстранети сите декоративни елементи од ID.Life, но благодарение на одлично користење на осветлувањето ова и не се забележува.

Volkswagen

Што се однесува до спецификациите. Моќноста на моторот е 172KW и доаѓа со максимален момент од 290 Nm. Максималната брзина е 180 km/h, а до 0 до 100 km/h забрзува за 6,9 секунди. Капацитетот на батеријата е 57 kWh, но станува збор за мал и лесен автомобил, па дури и овој капацитет е доволен за поминување 400 километри со само едно полнење. За само десет минути полнење батеријата може да се наполни доволно за да се поминат 163 km.

Volkswagen

Volkswagen ID.Life е најавен да се појави во продажба само во Европа во 2025 година.

1 коментар на “Volkswagen ID.Life е електрично возило со ретро-футуристички дизајн

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии