Војската на САД ќе користи HoloLens

Microsoft потпиша договор вреден 480 милиони долари кој предвидува дека компанијата ќе ја снабди војската на САД со HoloLens. По исполнување на договорот бројот на уреди за проширена реалност на пазарот ќе се зголеми над 3 пати, јави Bloomberg.

“Проширената реалност ќе им обезбеди на војниците повеќе и порелевантни податоци при носењето одлуки. Ова ја проширува нашата долгогодишна, доверлива соработка со Министерството за одбрана на оваа нова област”, вели претставник на Microsoft.

Армиите на САД и Израел веќе ги користат уредите за проширена реалност на Microsoft за тренинг. Уредот не само што може да додава повеќе податоци на екранот, туку треба да овозможи и ноќно гледање и термална слика, но и да може да мери и дишење и знаци на виталност. Засега HoloLens ги нема овие можности.


Засега продажбата на HoloLens не е импресивна. Досега се продадени околу 50 000 уреди, што е и разбирливо со оглед на високата цена и ограничената достапност. Microsoft ќе треба до војската да испорача уште 100 000 уреди. Во следните 2 години Microsoft ќе треба да испорача 2 500 уреди.

1 коментар на “Војската на САД ќе користи HoloLens

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии