Војна на агрегаторите: Новиот Буквар.мк ќе агрегира и видео вести

Новиот агрегатор на вести, Буквар.мк ќе се обиде да му конкурира на Time.mk и Daily.mk така што ќе покрај нов алгоритам ќе претстави и агрегирање на видео содржина.

„Постоеше потреба од такво нешто, налик на Google News каде што се објавува и видео со актуелните новости. Всушност и во Македонија кога се објавуваат вестите телевизиите и некои портали веќе имаат видео“, вели Дејан Донев од Dynamic Web Solutions кои го креираат агрегаторот.

Буквар.мк ќе има четири основни категории за вести – вести, спорт, сцена и живот – во кои се сместени сите останати подкатегории, вклучувајќи ја и технологијата.

Според Дејан, алгоритамот на Буквар.мк, кој сè уште се развива, ќе одредува релевантност, фрекфентност, прво објавување на вест и други фактори за да ги листа вестите, односно медиумите. Ќе игра улога и специјализацијата на медиумите. Секоја рубрика ќе си има различен фактор, пример ако во категоријата „Вести“ се истакнува, пример, Канал 5, тогаш во спортската рубрика нема да биде инфорсиран тој медиум, туку поистакната ќе биде вест од некој спортски портал, пример Спорт Денес.

Ќе биде интересно да видиме дали Буквар.мк ќе стане поконкурентен на Time.mk од што е Daily.mk. Според Alexa, Time.mk е најпосетуваниот сајт во Македонија, додека daily.mk е далеку зад него на 35-то место.

3 коментари на “Војна на агрегаторите: Новиот Буквар.мк ќе агрегира и видео вести

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии