Водич за пријавување на говор на омраза и неправилности на YouTube

Со овој текст ја завршуваме мини серијата на водичи за пријавување на неправилности на трите најпопуларни друштвени мрежи. YouTube е само уште една од тие мрежи, а со оглед на тоа дека се работи за објавување на видео содржина, можеби е и на прво место по објавување на навредлива, омаловажувачка и спам содржина. Ставот на YouTube е дека ја поддржува слободата на говор и сака да им овозможи на сите да го изразат своето мислење, без разлика дали се работи преку видео или обичен коментар. Но, видео сервисот исто така строго го забранува говорот на омраза врз било која основа.

(Доколку не сте ги прочитале водичи за пријавување на Twitter и Facebook, до истите можете да пристапите преку овие линкови: Водич за пријавување на говор на омраза и неправилности на Twitter и Водич за како да пријавите говор на омраза и неправилности на Facebook.)

Како и кај Facebook, а малку потешко на Twitter, и на YouTube одговорноста за говорот на омраза и омаловажувачка првин лежи кај корисникот кој го има закачено видеото. Тој ја има моќта да забрани коментари доколку дискусијата навистина претере и се одите надвор од рамките на темата на видеото. Но, понекогаш се среќаваме со содржина на YouTube која има за цел да предизвика говор на омраза.

Во секој случај доколку наидете на такви коментари, пријавете ги преку алатката за истото, додека видеата може да се пријавуваат преку знаменцето кое се наоѓа веднаш под видео плеерот. Откако ќе кликнете на него, ќе ви се појави листа на причини поради кои го пријавувате видеото и со еден клик можете да ја испратите пријавата. Откако ќе го пријавите видеото, од YouTube ќе го разгледат вашето барање и ќе ја донесат својата одлука. Исто така, преку алатката за пријавување можете да пријавувате и канали.

Од друга страна, YouTube овозможува и пријавување на позадината на профилот и фотографијата за профилот. За да пријвите несоодветна фотографија за овие две позиции, отидете на профилот на корисникот и во десниот долен агол кликнете на менито „Repot“. Преку истото е возможно и пријавување на профилот. Интересно е што од неодамна Google започна да бара вистински имиња на сите свои корисници. Ова започна првин на Google+, а сега се проширува и на YouTube. Иако звучи непријатно за корисниците кои сакаат да останат анонимни, сепак ваквото идентификување може да им помогне на властите да ги најдат корисниците кои активно шират говор на омраза или навредуваат други.

YouTube нуди можност за означување на коментарот како спам, а до истата може да пристапите преку стрелката која се појавува од десната страна кога стоите врз коментарот. Откако ќе кликнете на „Report as spam“, коментарот ќе биде сокриен за вас, но главниот збор го има прикачувачот на видеото. Тие ја имаат целата контрола врз коментарите на своите видеа и самите може да одлучат дали ќе го одобрат или одбијат коментарот, како и да ја отрстранат спам ознаката на коментарот.

1 коментар на “Водич за пријавување на говор на омраза и неправилности на YouTube

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии