Водич за пријавување на говор на омраза и неправилности на Twitter

Како што најавивме во петокот и пишувавме за како да пријавите неправилности на Facebook, продолжуваме со оваа мини-серија на водичи и денес ќе пишуваме за пријавувањето на спам, навредлива содржина и слични неправилности на Twitter.

Како и сите страници на кои може да се дискутира и во неа директно се вклучени сите корисници, без никакви ограничувања, мора да постојат некои правила. Така, Twitter има една листа на правила и услови за користење на својот сервис.

Пријавување на корисник

Корисниците можете да ги пријавите како спамери, а на Twitter под спам се подразбираат сите овие работи:

  • Објавување на штетни линкови (линкови кои водат до фишинг или малициозни сајтови);
  • Агресивно следење/отследување (корисник кој активно прави follow / un-follow);
  • Користење на функцијата за одговор (@корисник) за испраќање на несакани пораки до корисниците;
  • Објавување на дупли твитови и слично.

Доколку имате ваков твитерџија во својата листа, слободно можете да го пријавите на надлежните. За да го сторите тоа, отидете на профилот на корисникот и на иконката со „човекот“ кликнете на „Report @корисник for spam“.

Откако ќе го пријавите корисникот, тој најпрво ќе биде блокиран од ваша страна, а какви и дали ќе се превземаат понатамошни акции ќе одлучат луѓето задолжени за тоа.

Пријавување на фотографија или видео

Доколку мислите дека на некоја мултимедијална содржина не и е местото на Twitter, поради било која причина, можете да ги информирате вработените во Twitter и да побарате нејзино отстранување.

За да го сторите тоа, отворете ја фотографијата и во десниот долен агол стои линк со име „Flag this media“. Кликнете на него и ќе биде испратено барање за содржината да биде разгледана. И запoмнете, оваа опција не е за пријавување на фотографии што не ви се допаѓаат.

Останато

Покрај тоа, Twitter има поставено и форми за пријавување на друг вид на неправилности. Како на пример, можете да поднесете барање за отстранување на неактивни корисници, лични закани, пријавување на позадина, профил слика и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии