Водич за како да пријавите говор на омраза и неправилности на Facebook

Живееме во време кога скоро секој има свој Facebook профил, некои други и повеќе, и често кога се дискутира на некоја тема, работите знаат да излезат надвор од контрола и да се започне со „хејтање“ и говор на омраза, наместо да се има аргументирана дискусија. Може и да се случат други нерегуларности, како на пример лажни профили преку кои се малтретираат други корисници, или пак да се објавува навредлива содржина. За да се спречат овие работи, сите друштвени мрежи имаат воведено некој начин за нивно пријавување.

Започнуваме со мини-серија на статии во кои ќе ги опфатиме најкористените сервиси во Македонија – YouTube, Twitter и секако Facebook со кој и започнуваме. На оваа друштвена мрежа, со над 900.000 македонски профили, може да се вршат пријави за целите профили, објави, слики и видеа, коментари, настани, страници и групи, прашања и реклами. Еве како да пријавите:

Пријавување или блокирање на корисници

Наједноставен начин да пријавите некој корисник е да отидете на неговиот профил, да кликнете на иконката десно од „Пораки“ и да ја изберете опцијата „Пријави/Блокирај“. Откако ќе кликнете на неа, ќе ви се прикаже еден дополнителен прозорец од кој можете да ја изберете причината за блокирање или пријавивање.

Во втората опција, односно „Овој времеплов се преправа дека е некој/а друга личност или е лажен профил“, имате можност да изберете дали профилот користи ваши информации, на некој ваш пријател, позната личност, некоја организација или едноставно не е вистинска профил. Исто така, постои можност да ја отстранете личноста од вашата пријателска листа (доколку ви е пријател) или да се откажете од претплатата.

Пријави настан

Линкот за пријавување на настан се наоѓа од левата страна, веднаш под листата на корисници кои се поканети и/или ќе присуствуваат на настанот. Доколку настанот предизвикува омраза или омалуважува одредена група на луѓе, повикува на немири и слично, кликнете на тој линк и изберете ја соодветната причина.

Пријави група

Пријавувањето на група која е навредлива, повикува на омраза или едноставно прекршува некое од правилата на Facebook, можете да ја пријавите од иконката која се наоѓа најдесно кога се наоѓате на групата. Кликнете на неа и отидете на „Пријави ја групата“.

Пријави страница

До пријавувањето на страници се пристапува на ист начин како и кај профилите, бидејќи и тие имаат ист дизајн. Кликнете на пријави и изберете дали сакате да ја отследите страницата или да ја пријавите поради некоја причина.

Пријавување на објава и коментар

Доколку сакате да пријавите некој коментар, кликнете на стрелката што се појавува десно од него и изберете ја опцијата „Пријави ја објавата или спам“, по што објавата ќе биде сокриена и ќе ви биде понудена опција да пополнете пријава.

А доколку сакате да пријавите коментар, отидете на коментар и од десната страна ќе забележите еден „Х“ (икс). Со кликање на тој „Х“, коментарот ќе биде означен како спам и нема да биде видлив за вас, но доколку сакате да го пријавите, кликнете на линкот што е приложен во продолжение на објаснувањето.

Пријава на фотографија/видео

До копчето за пријавување на фотографија или видео, можете да пристапите откако ќе ја отворите и кликнете на „Опции“ во долниот десен агол од од фотографијата/видеото.

Да го направиме Facebook подобро место за комуникација. :)

2 коментари на “Водич за како да пријавите говор на омраза и неправилности на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии