Главна концепт зад приватноста на Google+ се Circles. Со „круговите“, односно групите во кои ги организирате пријатели, може многу лесно да се контролира кој ви ги гледа постовите. Покрај таа кул опција, која ја има и Facebook, но е малку посложена таму, Google+ има и едноставни опции за контролирање на содржината која ја споделувате.

Profile and Privacy

Во ова мени ќе ги најдете сите опции врзани со приватноста. Google веднаш ќе ви каже дека сликата и профилот ќе бидат јавни за пребарување, заедно со другата содржина која ќе ја одбележите како јавна. Појавувањето во пребарувањето може да се исклучи.

Прво што треба да се провери е Visibility on profile. Кликнете на Edit и ќе ви се отвори страната на вашиот профил каде може да подесите ниво на приватност за секој поединечен детал. Пример, од десно ќе ви се прикаже Links каде сте поврзани со некоја јавна страна, во мојот случај со Twitter и дали да го прикажува тоа со Anyone on the web, т.е. да може било кој да го види, или да го лимитирам на моите претходно одредени кругови.

Од десно имате опција за дали да бидат видливи кои пријатели ви се во круговите, и дали да бидат видливи луѓето кои ве додале во круговите.

Има интересен момент со Google+ каде за да следите некој не мора да добиете дозвола од него, како што е на Facebook, туку едноставно го додавате во кругот. Доколку таа личност не ви е пријател и ве нема додадено во неговите кругови тогаш ќе следите само постови кои се одбележани како јавни. Всушност, и во Facebook има Subscribe oпција за следење на луѓе кои не ви се пријатели и прегледување на нивни јавни постови, но кај Google+ тоа следење е многу полесно. Со Google+ се губи концептот на „пријатели“, бидејќи функционира повеќе како Twitter каде се „следат“ луѓе. Ова би можело да биде проблем со приватноста во иднина земајќи в обзир дека повеќето постови се сетирани според сетинзите кои ви биле последни наместени при споделување на последен статус. Може да се случи да бидат споделувани со повеќе луѓе отколку со кои сте „пријатели“.

Клучот во правата контрола на информациите во Google+ е менаџирање на круговите и статусите кои ги објавувате. Тоа можеби би било проблем за луѓе кои не се доволно ИТ упатени за да можат да се справат со честото одбирање со кои кругови да споделат постови.

При секое поле со лична информација на страната на профилот може да се одбере една од петте опции за ниво на приватност:

  • Anyone on the web – информацијата или статусот е јавен, може да се пребарува преку Google.
  • Extended Circles – значи дека постот/информацијата ќе се прикажува на поврзаните кругови, односно на луѓето кои сте ги додадале во вашите кругови и на тие кои ве имаат додадено во нивните круговите.
  • Your Circles – информацијата/постот е достапен само на луѓето од вашите кругови.
  • Only You – само за вас. Оваа опција се користи доколку сакате пример Google да ве известува за нотификации преку мобилен, што значи сте го внесле телефонскиот број, но не сакате да го види никој друг освен Google.
  • Custom – може да ги ограничите информациите или постовите да бидат видливи само на поединечни кругови.

Најдолу на профилот имате опција Search Visibility со која може да оневозможите Google да ве листа во интернет пребарувањата.

На Privacy страната ќе најдете и опција Menage Circles. Тука е клучот на приватноста на Google+. Можете да си креирате кругови со пријатели, некои пријатели може да ги додадете и во повеќе кругови. Оваа опција е толку добро дизајнирана што и Facebook инженери направија копија.

Една од незгодните опции е повторно споделување на постови. Пример, некому може да му се допадне вашиот пост и да го сподели со други корисници иако тоа не ви е целта. Тие постови се прикажуваат на другите корисници преку Incoming менито од левата страна на и во самиот Stream на вашиот Google+. Stream е тоа што во Facebook се вика „Ѕид“, односно каде се прикажуваат постовите од пријателите.

Сепак, Google воведе една интересна опција со која може да блокирате Reshare. Опцијата се активира веднаш откако ќе го објавите постот.

Google+

Преку овие опции, кои се веднаш под Profile and Privacy во Accounts менито може да ги сетирате сите нотификации и начинот како да бидете известени за сите ваши постови и сите ваши тагнувања и споделувања. По зададено се наместени да ви стигаат на имејл, но може да сетирате и мобилен телефон.

Ова е важно за секој корисник бидејќи така брзо ќе дознае кога и кој го таргирал, споделил негов пост или му коментирал, и со тоа брзо да реагира доколку се работи за нешто што ја прекршува приватноста.

Најдолу во Privacy менито имате опција да се логирате на Google Dashboard. Oва е местото каде се прикажуваат сите ваши активности преку Google профилот кој го имате. Пример, Gmail, YouTube, Analytics активности. Ова е уште едно мени каде може да ја средите приватноста за вашиот Google профил и да сетирате како интернет пребарувачот ќе ве индексира во пребарувањето.

Клучен момент тука поврзан со Google+ мрежата е персонализацијата на надворешни сајтови преку +1 копчето, односно дали да ви се прикажува кои ваши пријатели кликнале и споделиле не-Google содржина преку +1 копчето.

На крај го имате Google Privacy Center каде може да прочитате повеќе за приватноста. Единствен проблем е што е на англиски што за многу .мк корисници ќе биде проблем.

Исто така не заборавајте за Data Liberation, да може да си ги извлечете сите ваши податоци од Google+ доколку сакате да се откажете од мрежата.

5 коментари на “Водич за Google+ приватност

  1. Е како може да се понашате како слепи за стап?

    //го користам метафорично и сочуствувам со слепите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии