Водич за Facebook реклами

Пример, за насловот на рекламaтa Facebook препорачува “да го има името на компанијата или продуктот во насловот, може да биде во форма на прашање или пак насловот да е моќен и да бара повик за акција, или да таргетира интерес.“ Друг интересен совет од многуте е да знаете што барате од рекламата, дали сакате да привлечете луѓе кон сајтот, да ја зголемите продажбата или да го промовирате бизнисот. Покрај советите има и доста примери на успешни реклами така да по малку разгледување ќе можете да си креирате своја реклама.

Тоа што е добро кај Facebook рекламите е што дури и помалите локални бизниси, па и индивидуалци можат да си направат ефтина реклама која ќе е креативна и која пред се ќе допре до таргетираните луѓе од Македонија (над 600.000 корисници) или од светот (над 400 милиони корисници) .

7 коментари на “Водич за Facebook реклами

  1. Од лично искуство….

    Процентот на конверзија на FB е далеку помал во поредба со AdWords, но и цените по клик се помали. Ефективноста е поголема преку рекалмите на AdWords, се разбира ако знаете добро да ја раководите кампањата. Кога велам ефективност мислам на некаков тип на конверзија, не само посета на страницата туку и акција или сл.

    Системот на FB е далеку од она што е AdWords но од друга странана FB може полесно и побрзо да се стгне до поголема публика од МК.

    И за крај, соломонско… веројатно треба да се работата и двете паралелно со различни очекувања и поставени цели во рамки на иста кампања :)))))

    1. Moving target… Почнуваш со десетинка од буџетот на двете, и полека зголемуваш/намалуваш соодветно според успехот/резултатите. Или сите пари ги даваш на Велија па колку и кому емитираш не е битно :)
      Башка, и можеби најважно – Гугле се користи обично кога нешто подработнуваш. А ФБ се користи кога се зјае. Очигледно кај нас работа:зјаење=1:10 па и затоа арчењето време на ФБ е толку повеќе… Иако мислам дека банер блајнднесот е многу распространет и единствен излез ми се гледа embedding-от на рекламите во самата содржина (како product placement…)

      1. Патем, мразам кога некој користи англиски зборови како јас погоре, ама очигледно дека утринсково еспресо не ми стигнало до сите ганглии :)

  2. Може да се смисли начин. Ако ефективноста не може да се мери, тогаш нешто е згрешено со рекламирањето. Ете на пример, секоја реклама ќе води на различно URL за истата работа. Или колку посети ќе дојдат од соодветната реклама… Бидејќи немате бесконечно време за губење, пробајте со реклама заhttp://www.it.com.mk и која од нив ќе ви донесе најмногу посети за 2 долари дневно или за 100 или сл. :)
    Како овие на примерhttp://google.com/search?q=google+adwords+faceboo

    1. Мислиш на ефективноста на рекламите? Не знам дали може да се види ефектот на сите реклами, посебно на локалните реклами.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии