Водич за Android игри и апликации на попуст

Распродажбите на PC игри палат и жарат насекаде, но што доколку интересот ви лежи во работи поврзани со вашата мобилна направа? За време на празникот Black Friday/ Cyber Monday, многу попусти можат да се најдат и низ продавницата на Google. Она што следи се нашите предлози од Android игри и програми кои моментно се продаваат по (исклучително) ниски цени.

ИГРИ

  • Rayman Classic – Бесплатно – Авантура од деведесеттите доаѓа директно во вашиот мобилен без да се потрошите денар
  • Faif – 1 долар – Уникатна RPG игра со предизвикувачки загатки

  • G5 Games – World of Adventures – 1 долар – Познатите издавачи имаат солидни попусти на десетина игри од кои би ви препорачале да се почестите со The Island: Castaway, Nightmares from Deep 2 или Lost Souls.
  • Final Fantasy V – 8 долари – скапо, но за многумина и понатаму e одлична игра од овој серијал

  • Kemco – 1 долар – Длабоки попусти на повеќето јапонски RPG игри од овој издавач
  • Jakyl – 1 долар – бројни игри од најразличен жанр кои имаат само една цел – инстантно отстранување на здодевноста
  • Fruit Ninja – 1 долар – Нема да направи нинџа од вас, но нема ни исто да гледате на овошјето

  • This War of Mine – 3.5 долари – Трогателна приказна за единствената страна на војната
  • Limbo – 1 долар – Една од најубавите инди игри.
  • Star Wars™: KOTOR – 3 долари – Епската игра која го освои светот со феноменалната приказна и комплексен гејмплеј може да се вдоми и во вашиот телефон.
  • Tin Man – 1 – 2 долари – Нашите омилени издавачи на интерактивни книги/ игри ги имаат повеќето наслови на попуст. Дефинитивно почестете се со некоја од нив.
  • Never Alone: Ki Edition – 1 долар – Крајно симпатична игра која ќе ви остане во сеќавање долго откако ќе престанете да ја играте

  • Lifeline: Crisis Line – 1 долар – интерактивна драма каде вашите одлуки го одмотуваат клопчето на приказната.
  • Modern Combat 4: Zero Hour – 1 долар –  Одлична акција во прво лице

  • Machinarium – 1 долар – прекрасна авантура за прекрасни умови
  • The Room Three – 62 центи – Пример за тоа како треба да изгледаат игрите за мобилни направи.
  • Kingdom Rush Origins – 1 долар – Една од најдобрите tower defense игри

АПЛИКАЦИИ

  • Poweramp – 1 долар – Моќна апликација за репродукција на вашите омилени музички нумери.
  • Jump Desktop – 5 долари – Контролирајте го вашиот компјутер од вашиот телефон или таблет

  • My Game Collection – 1.5 долари – Одлична пропратна алатка за вистинските гејмери. Апликацијата се напојува од најголемите датабази за игри и и хардвер за да ви даде комплексен увид од дигитални добра кои се во ваша или туѓа сопственост.
  • n7player  – 1 долар – Уште една одлична апликација за слушање музика

  • WeatherPro – 1 долар – солидна алатка за детални увиди во временската прогноза
  • Essential Anatomy 3 – 5 долари – медицинските лица знаат зошто :)
  • iMuscle 2 – 74 центи – Апликација за она работа која секоја година ветувате дека ќе ја практикувате, а никогаш не си стоите на зборот

  • ezPDF Reader PDF – 1 долар – одлична апликација за читање pdf документи од малите екрани. Ако имате потреба за вакво нешто, ова е апликацијата за вас.
  • Cameringo+ – 1.5 долари – Разубавете ги вашите фотографии со впечатливи ефекти
  • Swiftly switch – 1 долар – Мултитаскинг на телефон на вистински начин

  • Perfectly Clear – 1 долар – Пробајте да им вдахне професионален живот на вашите фотографии.
  • tinyCam Monitor PRO – 2 долари – Далечинско надгледување и контрола на камерите
  • Cross DJ Pro – 2.5 долари – Разбудете го DJ-от во вас!

  • ArtRage – 3 долари – Како би сакале да ја негувате вашата уметничка душа?
  • BeyondPod – 3 долари – Во случај да слушате подкасти, ова е апликација само за вас!
  • DigiCal+ Calendar –  3 долари – Исклучително моќен календар за целосна контрола врз вашите планови
  • Maps & Navigation — OsmAnd+ – 3 долари – Квалитетен приказ на мапи и навигација при патување
  • 30 Day Fitness Challenge Pro – 1.5 долари – Во борбата за намалување на телесната тежина, побарајте спас и со оваа апликација.
  • Calculator Plus – 1.5 долари – дигитрон со надградени можности, кој е особено корисен за исполнување математички потреби

Пријатен шопинг и уште попријатна интеракција со дигиталните добра! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии