Водете евиденција за читањето на вашите книги со апликацијата Bookly

Денеска, читањето книги знае да биде луксуз, како во поглед на временска инвестиција, така и во поглед на финансиските трошоци. Но, во случај да немате проблем со овие две недоумици, Bookly е апликација само за вас!


Со Bookly водите евиденција за секоја книга што ќе ја прочитате, независно дали се работи за книга во книжна или електронска форма. Пред да започнете со читање некоја книга, можете истата да ја регистрирате преку апликацијата, а потоа да започнете тајмер за следење на вашата временска инвестиција. Доколку го внесете бројот на моментните прочитани страни, апликацијата пресметува со која брзина ги читате страните и ви дава проценка за колку време би можеле да ја прочитате целата книга.

За подобро мотивирање при читањето, со Bookly можете да си поставувате одредени цели во поглед на прочитаните книги, како и да извлекувате статистички податоци во поглед на вашето читање на месечно ниво.

Bookly е достапна за Android и iOS!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk