Водете дигитален дневник со Mini Diary

Пишување во дневник знае да биде интересна метода за бележење на вашите мисли и идеи.

Mini Diary пружа одлични услови за овековечување на вашите секојдневни настани. Паралелно со ова, ви дозволува и да поставувате цели, како и да ја подобрувате вашата меморија. На располагање имате и статистички податоци, како колку пати сте пишувале во дневникот, колку внесови имате на неделно ниво, или пак по колку зборови обично ви се долги внесовите.

Screenshot of diary screen

Mini Diary е бесплатна, open-source апликација која се испорачува во пренослива форма и е заштитена со лозинка. Сите ваши внесови се сочувуваат на вашиот локален хард диск, иако, доколку сакате, можете да ги сочувате и на облак, како Google Drive или OneDrive. Апликацијата се одликува со целосна флексибилност во поглед на поддржаните формати, а приказот се фокусира на едноставен минимализам.

Screenshot of statistics screen

Најновата, трета верзија на Mini Diary конечно може да се пофали со проверка на правопис, што знае да биде особено корисно доколку решите да направите дополнителен креативен чекор и да ги пишувате постовите на, да кажеме, англиски. На лентата со алатки, сега можете да забележите и бројач на зборови, а новата опција Go to date, ви дозволува инстантно да добите пристап до саканиот датум.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии