Vodafone понуди неограничен интернет пристап

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Британскиот оператор за мобилни услуги, Vodafone, кој во Велика Британија овозможува пристап преку 2G, GPRS и 3G мрежи е првата компанија во светот која како стандарден пакет почна да нуди неограничен интернет пристап за фиксна месечна цена.

Овој чекор на компанијата се должи на сé поголемата популарност на користењето на е-маил и социјалните мрежи преку мобилни телефони.

Досега, граѓаните на Британија плаќаа околу 8 фунти за додавање на интернет во своите тарифни модели.

Vodafone најави дека основните пакети и тарифни модели во иднина ќе имаат неограничен интернет вклучен во нив, со што нема да се наплаќаат по додатна цена.

Компанијата потврди и дека во последно време бележи масовно користење на интернет од своите корисници, според нив, најпопуларни активности се пребарувања на Google, испраќање на е-маилови, следење на најнови вести од сајтовите како BBC.co.uk и други интернет услуги.

Се надевам дека вакво нешто набрзо ќе им текне и на македонскиве мобилни оператори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии