Во време на пандемија, Slice дојде до инвестиција од 43 милиони долари

Дејан Соколоски

во Свет

Сервисот Slice, кој на корисниците им помага да ја најдат пицерија во близина и да си порачаат храна, дојде до инвестиција од 43 милиони долари од инвеститорите KKR. Компанијата успеа во период во кој најголем дел од компаниите тешко се справуваа со кризата, да излезе со раст.

Најголем дел од пицериите и рестораните за брза храна веќе имаат предност во епидемијата со тоа што и претходно правеа достави. Основачот на Slice Илир Села, вели дека над 90 отсто од 12000 пицерии со кои соработуваат останале отворени и испорачуваат храна, пренесе TechCrunch.

„Локалните независни пицерии со децении ги хранат Американците од различни заедници, возбудени сме што можеме да ги ставиме нашите ресурси зад Slice, бидејќи помагаат овие бизниси да се префрлат на интернет“, вели директорот на инвестициската компанија KKR, Алан Жан-Баптист.

Slice е основан од Илир Села, кој по потекло е од Дебар. Голем дел од неговите пријателите и роднините поседуваа пицерии во Њујорк, а и неговото семејство поседуваше пицерија на Менхетн во седумдесеттите. Slice има и повеќе канцеларии во Македонија, во Скопје, Дебар и Охрид.

Пицериите кои соработуваат со Slice се здобиваат со слични предности како и големите ланци. Веб-страници, поевтини кутии за пакување, SEO оптимизација и слично. Максималната цена која ја плаќаат клиентите на Slice e 2,25 долари за достава, без разлика на висината на цената на нарачката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии