Во Велика Британија сите ќе имаат право на широкопојасен интернет

Брз интернет е човеково право и сите граѓани мора да имаат пристап до него. Ова е одлуката на владата на Велика Британија, со дополнителна законска обврска да за 2 години сите жители на Британија мора да имаат барем 10Mbps.

Оваа одлука доаѓа иако најголемиот британски провајдер BT, сметаше дека ова треба да биде доброволно, а не задолжително. Сепак, Одделот за дигитално општество, култура, медиуми и спорт, одлучи поинаку, јавува Guardian.

„Знаеме колку е важен брзиот интернет за домаќинствата и за компаниите. Сакаме сите да имаат придобивки од брза и доверлива врска“, вели Керн Бредли, министер за култура.

Малку пред оваа одлука BT најави дека доброволно ќе започнат со надградба на постоечката инфраструктура во руралниот дел. Сепак властите сметаа дека ова не е доволно цврста определба и одлучија да ја донесат одлуката за брз интернет за сите до 2020 година.

Можеби причината поради која властите сметаат дека мораа да притиснат е во тоа што Велика Британија сепак доцни зад најразвиените држави. На пример, Јапонија е 97% покриена со оптички интернет, а со ова може да се пофалат само 3% Британци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии