Во Велес најмладите учеа како да ја разубават околината

Клубот на млади креативци при локалната библиотека „Гоце Делчев“ поддржани од 20 средношколци – волонтери, на 31 мај и 1 јуни, реализираа практична работилница под отворено небо, за урбанизирање на неколку локации во Велес под насловот „Урбанизирај се!“. Овој проект беше поддржан и од СмартАп – Лабораторија за социјални иновации и Американската Амбасада Скопје.

Проектот беше поделен во два дела. Во првиот беа организирани 2 работилници во кои младите креираа концепт за разубавување на градот, а потоа излегоа и ги пронајдоа најдобрите локации во Велес за реализација на идеите кои ги имаа. Концептите се реализирани на 4 локации во градот:

  • Градската библиотека „Гоце Делчев“,
  • Трговскиот центар,
  • Големиот градски парк и
  • Младинскиот парк.

Со ова не само што е креиран нов простор за забава и едукација, туку на овие површини преку игри и забава најмалите генерации ќе учат за стиловите на уметност, важноста на учењето преку игри и забава, важноста на пренесувањето на знаења од генерација на генерација, како и поттикнување на одговорноста за културата на градот.

Најмладите преку игра успеаја да го разубават просторот во кој престојуваат, а ова ќе има помогне и за потамошен развој на дизајнерскиот талент. Во текот на проектот младите креативци и средношколците научија за процесите на ко-креирање и ко-дизајнирање. Секако македонските дизајнери се одлични и не им недостасува талент, а благодарение на вакви работилници може да се надеваме дека следните генерации ќе бидат и подобри.