Во Скопје се организира првиот Foursquare Super Swarm собир на Балканот

Успешниот лански Swarm собир од 50 „фоурсквераши“ чекирани на едно место за кратко време, е мотив за уште поголем предизвик. Сега македонската Foursquare заедница е поканета да ја отклучи Super Swarm значката, односно треба да се соберат над 250 луѓе на едно место во краток временски период.

За да ја отклучите Super Swarm значката на 04.12.2011-та бидете во Рамстор од 13:00 до 16:00 часот и чекирајте се во трговскиот центар Рамстор.

Доколку се отклучи Super Swarm значката ова ќе биде прво вакво достигнување на Балканот. Значките на Foursquare се доделуваат за интересни несекојдневни достигнување на друштвената мрежа за споделување локација.

Интересно, Super Swarm настанот, покрај Рамстор, е поддржан и од неколку компании кои ќе даваат попусти и вредносни ваучери на сите корисници на Foursquare кои ќе ја отклучат Super Swarm значката.

„Тоа што највеќе им се допаѓа на компаниите за оваа социјална мрежа кога им го објаснувавме настанот е игривоста на Foursquare и поврзаноста со физичката локација односно конекцијата на онлајн со физичкиот свет. Морам да признаам дека понекогаш е тешко да го објасниш Foursquare :).”, вели Мите Кузевски од New Media Mk кои се едни од организаторите на настанот, покрај 365.com.mk и Ramstore Mall.

Локациската друштвена мрежа Foursquare стана хит во Македонија пред повеќе од година дена, а веќе денес има бројни корисници. Нема официјална бројка, но се проценува дека има меѓу 2-3.000 корисници на овој сервис.

„Дополнителен квалитет на оваа заедница е што се навикнати на пренесување на онлјан светот во физичкиот односно преферираат собири. Тоа можевме да го видиме уште на самиот почеток на користење на овој сервис во Македонија кога многу мала група на корисници на Foursqaure го организира првиот StreetUp (собир на Foursquare корисници) во Тетово на првиот роденден на овој сервис. Овој собир беше единствениот заедно со собирот во Барселона што беше објавен на официјалниот блог на Foursqaure.“, вели Мите.

Се гледаме во Рамстор.

[youtube]m2E4YhKCR7w[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии