Во септември ќе видиме два iPhone-и, еден понов и еден поевтин

Два типа на iPhone ќе излезат од одделот за склопување на Hon Hai Precision Industry. Испораката на двата нови телефони ќе започне на почетокот на септември, јавува Wall Street Journal. Шпекулациите за поевтина верзија на iPhone започнаа на почетокот на годината, кога изгледаше извесно дека Apple нема да одолее под притисокот на поевтините Android уреди. Спроред вестите кои се појавуваат, ќе стане збор за еден алуминиумски телефон, досегашната high-end верзија, и еден поeвтин пластичен телефон со кој Apple ќе го напаѓа пазарот на средна класа на телефони.

Засега е најасно дали и телефоните ќе бидат презентирани на настанот кој Apple ја закажа за 10 септември. Но, судејќи според досегашната пракса на компанијата, доколку телефоните бидат презентирани на 10 септември, во продажба веднаш или по една недела. Аналитичарите предвидуваат дека појавата на поевтин iPhone може да биде голем успех за компанијата пред се во пазарите како Кина и Индија. Предвидувањата се дека токму за овој пазар се изработува и „златниот iPhone“, кој наскоро ќе им се приклучи на црната и белата верзија на iPhone.

Се очекува со новиот iPhone 5C, продажбата на телефоните на Apple да достигне 35 милиони парчиња што представува пораст од 30 отсто во однос на истиот период минатата година.

[youtube]QvrE5zZUoLk[/youtube]