Во Русија нема онлајн приватност

Дејан Соколоски

во Вести

Апликациите кои овозможуваат размена на пораки ќе мора да овозможат идентификување на корисниците или „да си одат“ од Русија. Оваа одлука е само уште еден удар врз онлајн приватноста и слободата во Русија. Законот е веќе потпишан од рускиот премиер, Дмитри Медведев, пренесе ZDNet.

Целта секако е да се спречи анонимната онлајн комуникација и да им се помогне на полицијата и на агенциите.

Начинот на кој ова ќе треба да се реализира е преку провајдерите на телеком услуги. Кога некој ќе се приклучи на некој сервис за комуникација операторот на апликацијата ќе мора да го утврди идентитетот на корисникот.

Администраторите на апликациите ќе проверат дали телефонскиот број на корисникот е навистина регистриран со овие податоци. Одговорот на мобилниот оператор ќе го добијат за најмногу 20 минути. Ако корисничките податоци се совпаѓаат со информациите во базата на податоци на компанијата, идентификацијата ќе се смета за завршена. Во овој случај, операторот ќе треба да направи забелешка дека овој претплатник користи една или друга апликација. Компаниите ќе му доделат на корисникот број за идентификација и ќе го внесат во базата.

Операторот ќе мора и да ги снима и податоците за секоја апликација за комуникација која корисникот ја користи.

Операторите објавија дека ова ќе биде многу тешко да се изведе. Инфраструктурата не e подготвена за овие мерки. Претставници на телеком провајдерите веќе излегоа со став дека за ова ќе бидат потребни нови технички подобрувања на инфраструктурата.

Што ова ќе значи за комуникации преку апликации засега е нејасно. Тешко е да се претпостави дека сите платформи ќе го почитуваат законот. Ова веројатно ќе значи дека дел од апликациите ќе бидат забранети за користење.

Русија веќе забрани користење на VPN, како, и кога ќе заврши ова нарушување на слободите во Русија останува да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии