Статистиката покажува дека во првото тримесечје на 2019 просечниот откуп од ransomware е зголемен за 89% во однос на претходното тримесечје. Средната вредност на дневниот откуп во овој период е 12 762 долари; во претходното тримесечје оваа вредност е 6 733 долари, вели на својот блог безбедносната компанија Coveware.
Омиленото средство за исплата на откупот е без промени, во најголем дел е исплаќан во биткоин. Податоците на Coveware доаѓаат единствено од жртви кои се охрабриле или немале што да загубат и го пријавиле пробивањето на заштитата.
Најголема причина за порастот е малициозниот софтвер Ryuk. За Ryuk во просек се бараат дури 288 000 долари по напад. Другите алатки се значително поевтини и нивните корисници од жртвите барале 10 000 долари за враќање на податоците. Секако жртвите на нападите со Ryuk се одбрани и таргетирани компании кои за враќање на своите податоци се подготвени да платат поголеми суми.
Во просек стопирањето на работата поради ransomware напад трае 7,3 дена, и во просек во овој период жртвите изгубиле 64, 645 долари. Ова се податоците за првото тримесечје на 2019.
Ако може да се каже дека има добра вест тоа е дека и напаѓачите ја зголемиле својата ефикасност. По исплаќањето на откупот испраќаат алатка за декрипција која во просек враќа 96% од криптираните податоци, пораст од 3% во однос на претходната година. Изгубените податоци се должат на самиот процес на криптирање во кој се губат податоци. Од самиот ransomware што се корист зависи и успешноста на враќање на податоци.
1 коментар на “Во првото тримесечје на 2019 година пораст на ransomware исплатите од 90%”