Во првиот ден волонтерите испринтаа 280 визири и 150 штитници со 3Д принтер

Спречувањето на Ковид-19 за поголемиот број од нас бара единствено да останеме дома, но на дел од луѓето ова не им е доволно. Над 250 доктори и дизајнери се организираа и започнаа да печатат маски за заштита на медицинските лица. Целта секако е да им помогнат на медицинските лица во болниците во кои има недостаток на медицинска заштита. Во првиот ден веќе се изработени 280 визири, 150 штитници.

Она што е најважно и на што мора да му се оддаде признание е дека целата опрема која ја изработуваат ја донираат, и тоа на локациите за кои ќе се одлучи дека е најпотребна.

Неверојатно добар прв ден. Околу 280 визири, 150 штитници и 150 дистрибуирани. БРАВООООООО 3D Принт Медицинска Опрема

Posted by Aleksandar Karevski on Tuesday, March 24, 2020

Ако на почетокот facebook-групата имаше 250 членови, веќе има над 1500. Дел од нив помагаат со принтање и сечење на делови на маските, но најголем дел се да ја изразат својата поддршка на друг начин. Без разлика дали да ја поздрават самата идеја или да донираат филамент за печатење.

Маската која ја печатат е дизајнирана со помош на компанијата 3Д спринт од Чешка. Волонтерите се организираат и се договараат на Facebook и ако имате принтер или ако сакате и можете да помогнете, волонтерите имаат потреба од:

  • Луѓе или институции кои имаат 3д принтер на располагање кои можат да користат PETG и ABS или АСА материјали
  • Компании или луѓе кои имаат пристап до A4 провидни фолии кои се подебели од 0,4 мм
  • Компании кои можат да помогнат со филаменти за 3д принтање од горенаведените материјали
  • Волонтери доколку се соберат материјали да се склопат визирите и да се доставуваат до местата каде се потребни

Екипите на волонтери продолжува да печатат, склопуваат и испорачуваат заштитни маски и во следните денови.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии