Во предновогодишната недела симнати се рекордни 1,2 милијарда апликации за Android и iPhone

За прв пат во само една недела, од 25 до 31 декември, се симнати неверојатни 1,2 милијарда мобилни апликации за iOS и Android, вели Fluffy, компанија за анализа на мобилниот пазар која го подготви извештајот следејќи податоци од над 140.000 апликации кои работат на двете мобилни платформи.

Рекордот е поставен во неделата пост-католичкиот Божиќ и пред Нова Година, што значи дека празниците секако помогнаа да се помине оваа бариера од милијарда симнати апликации. Според Fluffy, католичкиот Божиќ е денот кога се бележат најмногу активации на телефони, oколу седум милиони Android и iPhone уреди, што значи и повеќе симнување на апликации. Само тој ден се симнати 232 милиони апликации.

Во тој празничен период голем дел од апликациите се на попуст и нудат промоции, што ги мотивира корисниците да ги симнат, а сигурно и многу корисници гледале на апликациите, и уредите, како нов интересен поклон за своите најблиски.

Убедливо најголем број симнувања има во САД, скоро 42 отсто од 1,2 милијарди симнувања, а потоа следи Кина (каде не се слави Божиќ), Обединетото Кралство, Канада, Германија, Франција итн.

„Гледајќи во 2012 година, Flurry очекува надминувањето на границата од една милијада симнувања неделно да биде повообичаена глетка.“, вели Fluffy во својот блог. „Додека растот на iOS и Android продолжува да запрепастува, пазарот е сè уште во својот зародиш.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии