Во Minecraft беше изграден телефон кој може да прави повици

Нема крај на изненадувањата и можностите од Minecraft. Фантастичната игра можеби нема најдобра графика, но функционира беспрекорно, дури и ако сакате да направите нешто неочекувано. CaptainSparklez на својот YouTube профил сподели видео од мобилен телефон направен од блоковите во играта, со кој може да се прелистува по интернет од внатрешноста на Minecraft. Станува збор за реклама на операторот Verizon, што никако не го намалува воодушевувањето од можностите на Minecraft. Ако ова не е доволно да ве импресионира, телефонот овозможува и видео повици!

„Во Minecraft речиси се е креирано од блокови. Ја креиравме веб апликацијата Boxel, која ги префрла страниците и стрима видео во блокови кои можат да бидат изградени во Minecraft во реално време…“, објаснува Verizon. Кодот на Boxel и Boxel Client е достапен на Github.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии