Во мексиканскиот град Енсенада еден дрон го намали криминалот за дури 10 проценти

Дејан Соколоски

во Свет

Секако технологијата ќе помогне на куп професии за поефикасна работа. Можеби затоа и не е изненадување што дроновите значително им ја олеснуваат работата на полицајците. Она што е изненадување е дека беше доволен еден дрон за криминалот во Енсенада да се намали за 10%. Промената доаѓа со 30% пад во провалувањето во станови, вели Digital Trends.

Дронот им помогнал на полицајците да уапсат 500 криминалци! Во моментов дронот лета по 25 пати во денот. Дронот е опремен со камера, а преносот од камерата може да го следат сите полицајци. Енсенада и не е мал град, има околу 500 000 жители.

Дронот DJI Inspire кој го користи полицијата во градот лета со брзина од 98 km/h, со радиус на контрола од 7km. За пренос во живо се користи резолуција 1080р.

Ова е всушност одлична вест која покажува дека со паметно инвестирање на средства и малку пари се доволни за да се постигне успех.  Цената на дронот е од 3 000 до 12 300 долари. Цената на софтверот најверојатно е повисока, но секако е незначајна во однос на буџетите на градовите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии