Во Македонија 112% отсто од граѓаните имаат мобилна линија

Во Македонија има околу 1,45 милиони припејд корисници, над 580.000 постпејд корисници и над 260.000 бизнис корисници. Вкупно има 2.299.926 мобилни линии. Споредено со бројот на жителите, oколу 2,02 милиони, пенетрацијата на мобилна телефонија е 112%, односно 12 отсто повеќе од колку што има жители, вели Агенцијата за електронски комуникации.

Во новиот извештај се вели дека во третиот квартал на 2012-та се збореле над една милијарда минути или 17,3 отсто повеќе од истиот период во 2011-та година. Тој период се испратени и 123 милиони SMS пораки и 224 илјади MMS пораки. Тоа што е интересно е што се помалку се зборува преку фиксни линии чиј број се намалил за 1,35 отсто. Во моментов има 407.896 активни фиксни линии.

Најголемиот раст се забележува кај мобилниот интернет со широк опсег (2G/3G), околу 446.000 корисници сурфаат на интернет преку своите телефони, што е пораст за 16 отсто споредено со пред една година.

На мобилниот пазар Т-Mobile се уште е доминантен со 49,5 отсто (Т-Home има и 66 oтсто од фиксните линии), па следни Vip со 27,2 отсто и One со 23,3 отсто (One има и 15,4 отсто од фиксните линии).

2 коментари на “Во Македонија 112% отсто од граѓаните имаат мобилна линија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии