Во Косово се чистат мини со помош на Google Maps

Google Maps for Business е новата алатка во рацете на HALO Trust, британска организација која специјализира во отстранување на мини и останати воени материјали, која ќе помогне за отстранување на минските полиња во Косово.

„Во Косово луѓето се враќаат во својата татковина по конфликтот во 1999, работиме во блиска соработка со властите и локалното население за да дознаеме и да споделиме информации за минските полиња. За ова е потребен ангажман од сите, фармерите ни кажуваат каде се видени мините и каде се случиле несреќните случаи. Наша работа (во Halo Trust) е да ги направиме овие податоци корисни, достапни и визуелни, за расчистувањето да биде поефикасно и побрзо“, велат од HALO Trust.

HALO Trust, ги користи Google Earth Pro алатките за распоредување на тимовите за расчистување на мини, но и за одбележување на минските полиња кои треба да бидат расчистени.

„Информациите кои ги собираме, вклучувајќи ги и GPS, ги внесуваме во Earth Pro за да може да ја исцртаме локацијата на мапите. Исто така користиме детални сателитски слики во Google Earth за идентификување и мапирање на опасните области. Овие мапи им користат на: локалните жители, тимовите кои ги расчистуваат minite, но и за подобар приказ на опасностите на донаторите. Кога донаторите ќе видат колку блиску се минските полиња до училишта, фарми и куќи, разбираат зошто е критична работата на HALO.“

 HALO Trust е британска невладина организација која е посветена на отстранување на минските полиња од сите поранешни воени зони. Организацијата работи низ целиот свет, покрај Косово работи и во: Централна и Југоисточна Азија, Африка, Кавказ и на Балканскиот Полуостров.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии