Во Кина откриени лажни Apple продавници, едната била погрешно напишана „Stoer"

Кина и фалсификат, што има изненадувачко тука? :) Аpple има официјални Apple продавници во Пекинг и Шангаи, но не и во градот Кунминг во јужна Кина каде блогерката BirdAbroad, заедно со својот сопруг, откри три продавници кои се претставени како Apple Store, официјални брендирани продавници за гигантот.

Продавниците изгледале официјално, блогарката вели дека се продавале официјални Apple Производи како iPad 2, MacBook Pro, дури и вработените биле со сина Apple маичка и верувале дека работат за Apple, иако според вработен од продавницата кој разговараше со Wall Street Journal, тие се свесни дека не е официјална Apple продавница, но ниту им е гајле дали е се додека продаваат оригинални производи.

„Најдобра копија што сме ја виделе.“ пишува 27-годишната BirdAbroad која се потсмева на помислата дека ќе има Apple брендирана продавница во Кунминг, град за кој „никој не ни чул и е на крај на светот“. Apple има дистрибутори во Кунминг, но тие не смеат да се нарекуваат официјална Apple продавница.

Иако била одлично средена, блиску до стандард на Apple Store, ѕидовите на продавницата биле лошо офарбани, степениците биле лошо направени, некои од вработените не знаеле да работат на компјутер како што треба, и пишувале „Apple Store” на знакот над влезот. Apple го става само јаболкото на своите продавници, без текст. На една од трите продавници дури го погрешили и името – пишувало „Apple Stoer”.

Apple одби да коментира за лажната продавница.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии