Во Јапонија лансиран првиот канал со 8К резолуција

Дејан Соколоски

во Свет

Со Одисеја во вселената на Стенли Кубрик, започна да работи првиот канал со супер висока резолуција. Првиот канал доаѓа во Јапонија од радиодифузерот NHK. Супер високата 8К има 16 пати поголема резолуција од HD TV.

За рекреирање на Одисеја, NHK ги скенираше оригиналните негативи на филмот, вели BBC. Радиодифузерот работи на 8К од 1995.

Следниот голем настан веројатно ќе биде преносот на Олимписките игри од Токио за 2 години. NHK се надева дека за пренос ќе се користи новиот формат. За почеток 8К содржините ќе бидат емитувани на BS8K каналот, 12 часа дневно. Покрај забавните содржини во 8К ќе биде емитувана и информативна програма.

Засега најголем проблем, покрај потребниот опсег за пренос на 8К содржина, се и телевизорите кои се прескапи. Цената на 8К телевизор е 15 000 долари, што секако е премногу. Покрај телевизор за следење на првиот 8К канал потребен е и сателитски ресивер. Иако почетокот на емитување е одлична вест, сепак ќе биде потребно многу време пред да има опиплив удел на пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии