Доминацијата на IE делумно се должи на тоа што тој прелистувач доаѓа пред инсталиран на Windows, оперативен систем кој го користат над 90% од корисниците. Европската Унија реагираше и сега Microsoft ќе мора да понуди избор на прелистувачи со Windows што може да откине уште едно залче од пазарниот колач на IE. Но, од друга страна ни Microsoft не седи со вкрстени раце.
Се најави дека најновиот Internet Explorer 9 ќе биде објавен на 15 септември. „Деветката“ се очекува да биде брза, повеќе хардверско забрзување и повеќе HTML5 стандарди. Подолу е кратко видео, за да пробате некои тестови отидете тука, а за повеќе инфо тука.