Во иднината паметниот град ќе ви помага да живеете во него, вели IBM

Периодот пред новогодишните празници е време во кое IBM вообичаено ја презентира својата „5 во 5“ листа. На oваа листа се наоѓаат пет предвидувања за кои IBM вели дека ќе бидат реалност во следните пет години. Напредокот во овие технологии ќе биде забрзан од „Cloud“ услугите и персонализацијата.

Во следните пет години напредокот на учењето преку облак ќе стане толку напредно што ќе може да се креира посебен план прилагоден и изработен специјално за секој ученик. Персонализацијата во образованието ќе овозможи секој ученик да ги учи предметите на начин кој ќе овозможи најлесно совладување на содржините.

[youtube]hTA5GyWamR0[/youtube]

Напредокот во проширената реалност, преносните компјутери и локациската технологија ќе ја вратат популарноста на продавниците кои не се ексклузивно онлајн. Ова ќе започне со трансформација на продавниците кои ќе бидат персонализирани за секој корисник. Преносните компјутери како Google Glass ќе направат сите вработени во продавницата да бидат експерти за сите производи.

[youtube]yKNSOwLcrkE[/youtube]

Болестите како ракот ќе бидат лекувани на ДНК-ниво, со терапија која ќе биде специјализирана за секој пациент, а со тоа и поточна. За ова најпрво треба да видиме поголем развој на уредите кои ја секвенционираат ДНК, со што периодот потребен за секвенционирање ќе се намали од неколку месеци на само еден ден.

[youtube]0M1DMdc1mQ0[/youtube]

До 2018 заштитата на дигиталниот идентитет ќе биде далеку пософистицирана од денес, наместо лозинки и отпечатоци на прсти идентитетот на корисниците ќе го чува дигитален чувар. Анализирајќи ги навиките на секој од нас, чуварот ќе ја препознава секоја отстапка од навиките на корисникот и ќе го известува корисникот.

[youtube]al8ng82nRss[/youtube]

Училницата нема да биде единствено место која ќе се адаптира на потребите на своите корисници. Градовите нема да останат имуни на промените кои ги носат персонализацијата, повратните информации обработени во „облакот“, градот ќе се прилагоди на своите жители. Се разбира градските власти ќе треба постојано да ги набљудуваат промените да реагираат кога тоа ќе биде потребно.

[youtube]tVGviMIMjN0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии