Во иднината летачки магацини на Amazon ќе испраќаат дронови со вашите пратки

Нов патент на Amazon покажува дека компанијата има намера во блиска иднина да креира летечки магацин. Од каде што помали дронови ќе бидат товарени со пратките и ќе ги испорачуваат до врата на купувачот. Големиот магацин нема да биде премногу иновативна технологија, туку станува збор за едно од првите летала, цепелин.

Идејата на Amazon ќе зависи од успешноста на предвидувањата. Летечкиот магацин треба да биде наполнет со производи кои ќе бидат брзо купувани. Ова ќе овозможи  достава на сите производи набрзина.

Еден од примерите е можност за достава на производи на некој настан. Примерот кој компанијата го користи при поднесувањето на патентот е спортски натпревар. Летечкиот магацин ќе може да биде донесен до близина на стадионот и оттаму да бидат доставувани барани производи како грицки и сувенири.