Во хрватските стартапи се вложени 20 милиони евра во 2014-та

Во 2014 годиан во хрватските стартапи се инвестирани над 20.000.000 евра, што е 10 пати повеќе од претходната година, јави Netokracija, повикувајќи се на податоците од инкубаторот Zip од Загреб.

Најголем дел од овие средства доаѓаат во 19 стартапи: Rimac Automobili, Bellabeat, Farmeron, Repsly, Teddy the Guardian, Codeanywhere, Madbarz, Agrivi, Cinexio, Ironward, Greenpie, Oradian, Serwantess, u:Plug, Hipersfera, ThiefScry, Colomb.io, Zzzzapp и Drive Angel. Половина од средствата, 10 милиони евра, се инвестиции во хрватскиот авто-производител Rimac Automobili, а со значителна инвестиција можат да се пофалат и стартапот за грижа на бебиња Bellabeat со 6,5 милиони евра, и стартапот за менаџирање на фарми Farmeron со 2,3 милиони евра.

Тоа што е интересно е дека во софтверски производи се инвестирани само 20 отсто од сумата, а дури 80 отсто отпаѓаат на така наречени „хардверски производи“. Тоа што можеби изненадува распоредот на инвестиции по континенти, најголем дел од инвестициите 58 отсто се од Кина и главно отпаѓаат на инвестицијата во Rimac Automobili, 38 отсто се инвестиции од САД, а само 4 отсто инвестиции од Европа. Најмногу по број се инвестициите од Европа, но очигледно станува збор за помали суми.

Во регионот според инвестиции во стартапи „води“ Словенија со над 60 милиони евра, по неа е Хрватска со 20 милиони и Србија со речиси 9,5 милиони евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии