И во е-спорт има трансфери, Босанецот Нико Ковач за 500.000 долари го промени тимот

Босанецот Нико Ковач важи за еден од најталентираните Counter Strike: Global Offensive играчи. Сепак сумата од 500.000 долари за трансфер во тимот FaZe, барем за нас е изненадување. Истовремено ова е највисока сума за трансфер исплатена во Counter Strike: Global Offensive.

CS:GO без сомневање е една од најпопуларните игри кога е-спортот е во прашање. Досега Никола Ковач беше член на тимот mousesports, јави Netokracija. Потпишувањето на е-спортисти на договор не е новитет. Голем број од најпопуларните фудбалски клубови имаат потпишани играчи кои ги претставуваат на турнирите. West Ham United,  Manchester City, Wolfsburg се само дел од клубовите кои ги претставуват професионалните гејмери.

Засега Нико нема премногу искуство, но 20-годишниот Босанец ќе има можност да се претстави во најдобро светло во еден од најдобрите CS тимови. Член на FeZe е и Фин „Karrigan“ Андерсен, еден од најдобрите Counter Strike играчи. Во моментов Нико е на турнир во Лас Вегас, на кој ќе ги изигра последните партии за тимот на mousesports.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии