Во документарецот Roadrunner вештачка интелигенција го рекреира гласот на Ентони Бордеин

Roadrunner е документарен филм за животот и смртта на прочуениот готвач Ентони Бордеин. Во филмот за рекреирање на неколку реченици изговорени со гласот на г. Бордеин е искористена вештачка интелигенција.

Речениците се дел од книгите на г. Бордеин, но никогаш не биле изговорени од него. Филмот е замислен да го има познатиот готвач како наратор, па режисерот и продуцент на филмот Морган Невил со помош на вештачка интелигенција направи дигитална верзија на гласот. За ова на компанија која го креира гласот и испратил десетици часови снимени материјали.

„Ќе ти кажам уште нешто за што не говорам многу. Среќен сум што зборувам за ова, мислам дека е интересно. Сакав целото раскажување да биде со неговиот (Ентони) глас, но имаше неколку работи кои ги имаше напишано во книгите, но не ги изговорил никогаш; или ги напишал во статија, но никогаш гласно не ги изговорил. Затоа поминавме месеци во креирање на A.I. модел на неговиот глас.

Неколку реченици во филмот се изговорени од A.I. Tony. Мислам дека е интересно…“, вели г. Невил во интервју за Slashfilm.

Една од речениците за која е искористен A.I. Tony е прикажана и во трејлерот за Roadrunner. „…животот ми е срање сега. Ти се успешен, јас сум успешен, и се прашувам: Дали си среќен?“ Оваа реченица е дел од имејл кој г. Бордејн го испратил до неговиот пријател, уметникот Дејвид Чо. Реченицата никогаш претходно не е изговорена од него, и една од трите за кои е користена вештачката интелигенција.

„Кога ќе го гледате филмот, освен овој дел, веројатно нема да знаете кои други реченици се изговорени од вештачка интелигенција. И нема да дознаете“, вели г. Морган во интервју за New Yorker.

Roadrunner: A Film About Anthony Bourdain излегува денес, и најпрво ќе биде достапен во кината.

1 коментар на “Во документарецот Roadrunner вештачка интелигенција го рекреира гласот на Ентони Бордеин

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии