Во чест на 20 годишнината, Unreal Gold е бесплатна

Верувале или не, FPS лудилото Unreal се користи како пример за одлична забава и урнек за добитна формула веќе две децении. Чедото на Epic успеја да пушти длабоки корени и да често се споменува како одличен наслов за мрежно препукување.

Годините не беа дарежливи кон играта и тешко е, а да не се забележат застарени гејмплеј механизми, да не ни зборуваме за графичкиот оддел. Но, тоа никако не значи дека не би требало носталгично да се присетите или по прв пат да ја заиграте играта која лансира илјадници други игри, особено кога ќе ја земете следнава информација во предвид:

Во чест на дваесет годишнината, Unreal Gold е бесплатна и сите заинтересирани можат да си зграпчат копија или на Steam или на GOG и да се втурнат не само во оригиналната игра туку и во пакетот со мисии Return to Na Pali. Зборуваме за 47 адреналински мисии, со 20 левели во мрежниот дел и бројни, смртоносни оружја.

Во 1998 година, играта беше најдоброто нешто што можевте да играте, со феноменална графика од која се добиваше напад на еуфорично лудило еквивалентно на пет испиени енергетски пијалоци. Денеска, не можете исто да гледате на Unreal Gold, но не морате да платите денар за да се уверите во таквиот факт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии