Во борбата со дезинформации Twitter е далеку пред Facebook

Twitter додаде нова функционалност која би можела значително да го подобри информирањето на корисниците. Кога некој корисник ќе притисне на „ми се допаѓа“-копчето за вест која е неточна, ќе добие известување дека содржината е невистинита.

Ширењето на дезинформации и лажни вести на друштвените мрежи е еден од проблемите кои ги истакнаа неодамнешните претседателски избори во САД. Facebook и Twitter. Ова е евидентно и со вестите кои се споделуваа и сè уште се споделуваат за пандемијата.

Друштвените мрежи преземаа значителни чекори пред изборите и злонамерното споделување на лажни вести е намалено. Сепак споделувањето на овие вести најмногу доаѓа од самите корисници. Дел од објавите доаѓаа со порака дека станува збор за вести чија вистинитост е оспорена.

Самото додавање на етикети со известување дека некоја содржина не е вистинита го намалува цитирањето на овие твитови за 29 отсто, пренесе Verge.

Активностите на Facebook овој пат се во насока да се зголеми релевантноста на одредени новински агенции. Со ова идејата е да зголеми учеството на релевантните агенции во вестите. Новите промени ќе ги зголемат постовите од CNN, The New York Times и NPR, на сметка на Breitbart или Occupy Democrats на пример, пренесе New York Times. Засега овие промени се привремени и веројатно ќе потраат до целосното завршување на изборниот процес во САД.

Дел од вработените во друштвената мрежа сега сметаат дека оваа промена треба да остане и понатаму и да стане постојана. Во моментов размислувањето во Facebook е поделено, дел од вработените се за ограничување на дезинформирањето и содржината која ги разделува луѓето. Другата страна стравува дека вакви мерки може да го забават растот на платформата, па дури и да предизвикаат поголема регулација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии