Во август македонските портали објавиле над 115.000 текстови

Според статистиката споделена од страна на агрегаторот на вести GRID.mk, кој индексира 158 активни медиуми на македонскиот веб простор, само во месец август, 2016, македонските портали објавиле повеќе од 115.000 текстови, или во просек 3.711 статии на ден. 

image-813

извор: GRID.mk

Најактивен портал од индексираните е plusinfo.mk, со објавени 4.235 написи, 34 повеќе од порталот на телевизија Сител – sitel.com.mk, кои имаат објавено 4.201 текстови. На трето место е порталот press24.mk со објавени 4.035 текста.

Повеќето од објавените текстови спаѓаат во генералната категорија вести, додека мал дел се категоризирани како забава и спорт. Листата на топ 10 објавувачи на текстови ги вклучува:

image-814

извор: GRID.mk

Првите 10 медиуми на листата се одговорни за објавување на 35.456 написи, или 30% од вкупно објавените текстови во месец август од индексираните. Додека преостанатите 10 медиуми од листата топ 20 покриваат дополнителни 21% процент, што води до заклучокот дека овие 20 медиуми објавиле повеќе од 50% од објавените 115.000 написи во август.

image-815

Најспоменувани личности

Анализирајќи ги овие вести, GRID.mk дополнително ја споделува и листата на најспоменувани политичари и јавни личности.

image-816

Квантитет vs. квалитет

Бројките на објавени 69 до 136 вести дневно се навистина фастинантни и за посериозните редакции и медиуми низ светот. Но, кога ќе се анализираат голем дел од бројните објави на овие медиуми, заклучокот е дека македонскиот веб генерално работи на база на квантитет, а не на квалитет. Се објавуваат лошо преведени, украдени, непроверени и секакви информации, и покрај тоа што сите на листата на топ 20 медиуми на GRID.mk се класифицираат како сериозни медиуми и проекти задолжени за јавното информирање. Наведување извори, почитување на авторски права, јавно истакнување на редакции, етички кодекси при објавување сѐ уште остануваат табу тема во македонскиот веб простор.

Од друга страна, голем број од маркетинг агенциите и компаниите кои го држат пазарот на интернет огласување во Македонија одлуките ги носат врз основ на посетеност, што е само уште еден поттик за медиумите да објавуваат повеќе вести и да користат “click-bait” тактики за привлекување на посетители. Што води до заклучок дека фасцинантната бројка од над 115.000 објавени текстови во месец август, кога луѓето се по одмори, политичката сцена е смирена и генерално сите ги искористуваат последните денови од летото, ќе биде долната граница споредбено со колку текстови ќе се објават во месеците што следат, и да не заборавиме дека доаѓаат и избори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии