Во Аризона започнува достава со автономни возила

По Google кој започна такси превоз со автономни возила во Аризона, ланецот супермаркети Kroger започнува да доставува производи со автономни возила. Засега оваа услуга е достапна единствено во Скотсдејл, Аризона. Доставата се прави со возило специјализирано за испорака.

Возилото специјално изработено за достава е Nuro R1. Ова возило вози по улиците и не се користи за ништо друго освен за достава на производи од супермаркетите, вели Reuters. Возилото помалку потсетува на кошничка за пикник и е значително помало од останатите автомобили. По големината повеќе потсетува на мотор отколку на автомобил. Благодарение на одличното планирањето во Nuro R1 има многу простор за производите кои се доставуваат.

Услуга започна во август оваа година, но досега беа користени Toyota Prius и Nissan Leaf, а во возилата имаше и возач. Ова е за прв пат да се користи R1, а во ова возило, и онака нема простор за возач.

Услугата е достапна за 5,95 долари без оглед на цената на нарачката. Купените производи ќе бидат доставени истиот ден кога купувачот ќе ја направи нарачката.

1 коментар на “Во Аризона започнува достава со автономни возила

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии