Во 2040 година Франција ќе биде без возила на фосилни горива

Франција сака да го забрани користењето на фосилни горива во 2040 година. Ова значи дека сите возила на улиците во Франција ќе мора да бидат со електричен или некој друг чист погон.

Планот на новиот претседател Имануел Макрон е Франција до 2050 година да биде јаглерод неутрална, јави Independent. Франција има повеќе производители на возила. Renault, Citroen и Peugeot  се дел од француските производители погодени од промените.

Франција до 2022 година ќе престане да користи јаглен за производство на електрична енергија. Ова и не е преголем предизвик со оглед на тоа дека во 2015 година само 2.2% од енергијата во Франција се произведува со јаглен. До 2025 година производството на електрична енергија од нуклеарна енергија треба да се намали на половина од целокупното производство.

Што се однесува до преминот, Франција ќе донесе преоден закон со кој ќе биде олеснета замената на постарите возила. Ова ќе помогне за поевтина замена на старите возила кои повеќе загадуваат, со нови почисти возила.

Целиот план е дел од претходниот договор за намалувањето на CO2. Неодамна САД се повлекоа од Парискиот договор.

1 коментар на “Во 2040 година Франција ќе биде без возила на фосилни горива

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии